Се отвори уште поголем проблем, вели Битиќи за укинувањето на балансерот

од Nikola Popovski
89 прегледи

Сметам дека денешниот ден е многу интересен затоа што се случува после 20 и неколку години. Балансерот во природа кога е поставен е поставен затоа што е производ на мнозинство наспроти малцинство во одлучување и моментот на мајоризација на една наспроти друга заедница. Во принцип е поставен како основен темел во Уставот. Денешната одлука на укинување на алатката балансерот не е укинување на механизмот на правична застапеност. Таа е уставна категорија, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи за денешната одлука на Уставниот суд за укинување на алатката балансер.

Денеска видов неколку моменти кои што за жал, додава Битиќи, примерите кои се дадоа врз основа на што се однесувале одлуката на одредени уставни судии, американското општество не може да се спореди со нашето.

-Јас да бев денеска ќе ги прашав (уставните судии): дали сметате дека е постигната кохезија и после 23 години на постоење на механизмот на соодветна и правична застапеност, но не на алатката. Денеска е денот на носење на одлука, не гледајќи ја причината зошто и како можеби балансерот се злоупотребувал. Денеска ова е: ги решаваме последиците. Денеска се отвори уште поголем проблем – која е новата алатка за правична застапеност во нашата земја, прашува Битиќи, гостувајќи во емисијата „Само вистина“.

Пратеникот не смета дека комитет во Собрание треба да ја следи соодветната и правичната застапеност.

-Наместо да поправиме одредена алатка, укинувањето можеби дава можност да креираме нова која се уште треба да постои во нашето општество, додаде Битиќи.

Слични содржини