339
Европскиот комесар за финансии, Јоханес Хан, се ожени со својата долгогодишна партнерка, поранешната австриска вицеканцеларка Сузана Риес-Пасер.
„Се венчавме во кругот на семејството и пријателите на имотот Ајдербил и се радуваме на заедничката иднина“, се вели во соопштението на парот.
На свадбата присуствуваа и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и австрискиот тајкун Рене Бенко.