📸 Се ожени ѕвездата од серијата How I met your mother

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот Тед Мозби од хит ситкомот How I Met Your Mother се ожени на 50-годишна возраст.

Американскиот актер Џош Раднор се ожени со својата избраничка, која работи како клинички психолог.

Среќната вест ја сподели на Инстаграм.

„Се оженив! Пред две недели. Среде поблага снежна бура. Беше тоа неверојатно емотивен викенд исполнет со снежно блаженство. Благодарен сум на толку многу луѓе што дојдоа во Кедар Лејкс за да бидат со нас. Но, најмногу сум му благодарен на Џордан. Не ми се верува дека имам толку среќа што можам да ја наречам оваа извонредна жена моја сопруга“, напиша актерот во објавата на која сподели и неколку фотографии.

„Гледам во бесконечноста на твоите зелени очи и знам дека тоа што до сега не сум се оженил не е поради некое разочарување. Вистината е дека до сега не се оженив затоа што те чекав тебе“, ѝ рекол Џош на сопругата за време на размената на заветите.

Актерот ја запознал својата сопруга на медитација во февруари 2022 година, а во една прилика кажал дека штом ја видел си помислил: „Таа е таа, тоа е твојата сопруга“.

Слични содржини