Се појави приватно ВИДЕО од Сораја пред да се породи

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Сораја Вучелиќ се породи минатиот викенд и на свет донесе момче на кое му даде име Кан.

Како што објавија медиумите, старлетата моментално се наоѓа во Швајцарија, каде го поминала најголемиот дел од бременоста, а наскоро планира да се пресели во Москва, каде живее таткото на нејзиното дете, чиј идентитет не и е познат на јавноста.

Црногорската старлета позната по бројни пластични операции, афери и врски со криминалци, а за која има обвинувања од нејзина поранешна пријателка дека се занимавала со проституција, се повлече од јавноста во последните месеци, а повеќе не е активна ниту на Инстаграм.

Сепак, еден сајт на Инстаграм објави видео од нејзината поодмината бременост, на која се гледа дека Вучелиќ ја задржала витката фигура и како трудница.

Видеото можете да го погледнете подолу.

Слични содржини