Се почитуваат препораките од Венецијанската комисија за кампањата за референдумот, вели Бошњаковски

од desk2
94 прегледи

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека целосно се почитуваат препораките на Венецијанската комисија во однос на вклучувањето на владините претставници во кампањата за претстојниот референдум.

– Нашите секојдневни активности се поврзани со овој наш државен стратегиски интерес и така е во изминатите 27 години од независноста на Македонија. Ние немаме Влада којашто немала приоритет и интерес за зачленување на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Владата одвои 400 илјади денари за промоција на бенефитите од влезот во НАТО и ЕУ на социјалните мрежи и тоа ќе го работиме во рамки на тековните активности, рече Боњшаковски, одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата.