Расколот во ДУИ и застанувањерто на Гзим Острени на чело на новата партија Единство е голем удар за авторитетот на Али Ахмети , оценуваат дел од аналитичарите во албанскиот блок. Сметаат дека Единство, заедно со најавите за други политички сојузи во албанскиот опозициски блок, може да доведе до значјно прегрупирање во политичкиот ринг, објавуваТелма.
Расколот во партијата која со години наназад е неприкосновена во албанскио политички блок не е изненадување за дел од аналитичарите во албанскиот блок, но велат најзначајно е што на чело на новата партија застанува Гзим Острени, порано еден од најблиските соработници на Али Ахмети, што е голем удар врз авторитетот на лидерот на ДУИ
„Изненадува што на чело на таа фракција е Гзим Острени, како бивш генерал на ОНА, односно најблизок соработник на Али Ахмети. Не знам колку силна партија ќе успее да биде таа фракција, но едно знам, најголема штета е за авторитетот на Али Ахмети како лидер на ДУИ затоа што сите критики доаѓаат од неговиот најблизок човек“ – вели поранешниот пратеник Исмет Рамадани и додава:
„Перцепцијата е дека сите тие кои се корумпирани остануваат со Али Ахмети, а сите други ќе преминуваат кај господинот Острени и неговата фракција и најверојатно делбата ќе биде се поинтензивна и се поголема“.
Идентични се и оцените на аналитичарот Рамадан Рамадани, кој за Телма вели:
„ Со заминувањето на Гзим Острени од ДУИ се трга ртавенката межу ДУИ и поранешна ОНА и таа останува ослободена од некоја политичка конотација и не може да биде присвоена од ниедна политичка опција“ – вели Рамадан Рамадани.
Несогласувањата во ДУИ не се новост, потсетуваат и двајцата, но секогаш се смируваа со соодветна распределба на колачот од власта меѓу различните клановски групи во партијата. Клучно за расколот, велат, се сознанијата за вклученост на високи функционери на партијата во криминал и корупција
„ Мислам дека клучната пресвртница се бомбите на Заев затоа што ова се мега афери и тој потрес мора да се почувствува во партијата каде се зборува за челните луќе на партијата. Нормално кај членството кое тоа го слуша и го гледа, опцијата им е што побрзо е да се направи нешто што би ги оквалификувало со истата етикета – вели Исмет Рамадани
Покрај „бомбите за Рамадан Рамадани клучно место има и аферата „поткуп во Телеком“.
„Како пресуден момент мислам дека е аферата Телеком, за што сознанијата дојдоа од судот во Њујорк, што е од особено значење за Албанците и особено што сите тие сознанија директно го компромитираат врвот на партијата – Али Ахмети и Муса Џафери“ – вели Рамадан Рамадани.
И двајцата прогнозираат дека „Единство“ ќе се приклучи кон опозицискиот блок чие формирање е во најава. А тоа, велат, не само што ќе ги ослабе позициите на ДУИ, туку и поради десеткуваното членство на ДПА кое премина кај Зијадин Села, можна е најава за нова политичка сила во албанското политичко миље.
За воља на виситината некои аналитичари не исклучуваат дека се ова сепак може да биде и сценарио на ДУИ, за да преку Острени се соберат сите тие кои незадоволни ќе се тргнат од Ахмети и ДУИ и ќе имаат простор да бидат прибрани од Острени, довчерашниот пајташ на Ахмети, а кој дури сега демек покажува несогласување.
