Според странските медиуми, полскиот фудбалер Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен, па летово би можел да го промени клубот.
Информацијата меѓу другите ја пренесе „Скај Спортс“, а шанса за потписот на Полјакот има Барселона.
Каталонскиот клуб се уште нема најдобра финансиска состојба, но со добар бизнис би можел да обезбеди простор за Левандовски, кој исто така има желба да замине во Шпанија.
🚨 Barcelona's attacking transfer targets this summer, should they get their finances in order:
🇵🇱 Robert Lewandowski
🇪🇸 Álvaro Morata
🇸🇳 Sadio Mané(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/lkyeitQ4u6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 13, 2022
Полскиот напаѓач е веќе легенда на Баерн за кој во периодот од 2014 година до денес постигна дури 237 гола во Бундес лигата.
Доколку Барселона не успее да потпише договор со Левандовски, ќе се сврти кон преговори со Сади Мане и Алваро Мората.
BREAKING: Robert Lewandowski has told Bayern Munich he will NOT extend his current contract ❌
He would also like to move to Barcelona this summer rather than wait to become a free agent ✍️
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 12, 2022