Се подготвува ребаланс на Буџетот,Ковачевски вели: „Во кризни времиња тоа е нормална работа“

од Берта Китинска
259 прегледи

Ова е најкризна година во Европа и во светот по Втората светска војна и нормално дека ќе се прави ребаланс на Буџетот. Во Министерството за финансии, службите работат на подготовка на ребалансот, рече премиерот Димитар Ковачевски.

-Тоа не е едноставен процес. Ќе се одвива низ законски пропишаната постапка и кога ќе дојде на дневен ред, ќе биде ставен на Влада и на Собрание – рече Ковачевски.

Во однос на задолжувањето, Ковачевски посочи дека тоа е веќе пропишано во Буџетот во износ од 600 милиони евра и дека најверојатно дел ќе се прави на надворешниот, а дел на домашниот пазар.
Владата, како што додаде Ковачевски, е во постојан контакт и со Народната банка на државата бидејќи во услови кога има увезена светска инфлација, монетарната и фискалната политика мора да бидат координирани и хармонизирани меѓу себе.

Слични содржини