За автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка.
Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба.
-Во однос на автопатот Блаце јас веќе информирав дека првата делница веќе се гради, за втората делница веќе привршуваат првите постапки и очекуваме во текот на наредниот период да се распише тендерската постапка. Таму сумата на проектантската вредност е некаде над 190 милиони евра. Тоа е голема сериозна инвестиција на доста тежок терен и очекувам дека во текот на наредната година, доколку биде успешна постапката за избор на изведувач, веќе ќе имаме активности и на втората делница, а ќе очекуваме и завршување на првата делница со што тие над 12 километри до Обиколница Скопје ќе влезат во комплетна реорганизација на теренот. Веќе имаме избрано изведувач и за рехабилитација на постоечкиот пат Скопје – Блаце којшто е во една полоша состојба, изјави Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Пробиштип.