159
Состојбата на претепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков се подобрува и тој повеќе не е на одделението за интензивна нега на Воено-медицинската академија во Софија.
Ова го соопштиле од болницата, прецизирајќи дека тој е префрлен на одделот за орална хирургија, пренесуваат бугарските медиуми.
Пендиков минатата недела беше нападнат и се здоби со повеќе повреди, меѓу кои и во пределот на главата. По повод инцидентот, МВР уапси едно лице, а се трага по уште две.
Бугарија остро го осуди нападот врз Пендиков и го повика својот амбасадор во Скопје на консултации во Софија, по што синоќа одлучи да го повлече.