Сè поголем број граѓани и фирми со блокирани сметки

од desk3
91 прегледи

Според податоците на НБРМ, бројот на физички лица со блокирани сметки во април годинава е 70.066, а во споредба со истиот период лани, бројката е зголемена за 25.978, кога бројот на блокирани сметки изнесувал 44.088.

chuvstvoto-na-taga-gi-tera-lugjeto-da-troshat-povekje-pari-235623

Во однос на правните лица, пак, во април годинава 41.736 сметки биле блокирани, што е за 1.150 повеќе од истиот период лани, кога бројот на блокирани сметки на правни лица изнесувал 40.586.

Вкупно, во април биле блокирани 111.802 сметки на физички и на правни лица, што е повеќе за 9.119 од декември 2014 година, кога таа бројка изнесувала 102.683.

Мета