218
Новите британски и јужноафрикански соеви долго време ги држат во страв европските земји, а сега во Германија е откриен нов вид од Данска.
За „данскиот вид“ се тврди дека е полесно да го заобиколи одбранбениот систем на телото.
Од страв од ширење, данската влада ги усмрти сите куни во земјата во ноември, а видот се очекуваше да исчезне.
Сепак, во Ансбах и Ној-Улм во Германија, идентификувани се два случаи на „дански вид“.
Според медиумите, лабораторијата во Аугсбург докажала дека причината за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е токму „данската варијанта“ на коронавирус.
Засега е нејасно какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска, пренесуваат светските медиуми.