Се појави првата фотографија од снимањето на најскапата серија „Господар на прстените“

од Nikola Popovski
365 прегледи

Пред два дена во Нов Зеланд заврши снимањето на првата сезона на серијата Господар на прстените.

Серијата ќе се емитува на стриминг сервисот „Amazon Prime Video“. Првата епизода излегува на 2 септември 2022 година, по што секоја недела ќе излегува нова епизода.

Првата фотографија од серијата беше објавена на официјалниот профил на Твитер, која покажува како може да изгледа една од сцените во Господарот на прстените.

„2. Септември 2022 година, започнува нова авантура “, напишаа до фотографијата. За два дена, твитот беше проследен повеќе од 92 илјади пати и има повеќе од пет илјади коментари од обожавателите.

Заплетот ќе се случи за време на „Second age“ на Толкин, долго пред настаните во романот „The Hobbit“.

Многу странски медиуми пишуваа дека ова ќе биде најскапата серија во историјата на телевизијата.

Би -Би -Си наведува дека за секоја епизода од серијата биле потрошени 43 милиони фунти.

Слични содржини