Се појави слика од моментот на труење на Навални

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални е во единицата за интензивна нега во сибирска болница без свест и на респиратор откако, според претпоставките на неговата портпаролка, тој бил отруен.

Навални, познат како еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин, е во болницата во Омск, откако ја изгубил свеста при летот за Москва, пред кој се напил чаша црн чај.

Авионот бил принуден да слета за да биде пренесен во болницата, јави неговата портпаролка Кира Јармиш.

На социјалните мрежи се појави слика на Навални како пие чај, од кој беше отруен.

Слични содржини