Се појави стар кинески документарец за вируси кај лилјаци, прикажува загрижувачки работи (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
634 прегледи

Институтот за вирусологија во Вухан, познат по своите истражувања на вируси кај лилјаците, веќе долго време се наведува како можен извор на ширење на инфекцијата, но кинеските власти ги отфрлаат тврдењата како „чиста шпекулација“ и посочуваат дека лабораторијата има високо ниво на безбедност.

Меѓутоа, еден документарен филм, кој веќе беше прикажан на државната телевизија CCTV во 2017 година, покажува колку лежерно одредени соработници на Институтот се однесуваат во работењето со коронавирусите, пишува „Дојче веле“ и додава дека и „Тајван њуз“ потсетиле на тој филм во пресрет на доаѓањето на експертите на СЗО.

Во филмот е прикажана група научници собрани околу Ши Џенгли, позната како Bat Women, во потрага по потеклото на САРС, и иако им беше јасно дека лилјаците што ги испитувале може да носат смртоносни вируси, некои научници за време на истражувањето во пештерата во Јунан не носеле заштитна опрема.

Фатените лилјаци биле прегледани со голи раце, а без заштита, со раце им бил земен измет, кој е можен извор на инфекција.

Вирологот Чуи Џиу дури рече дека лилјак го каснала преку тенките гумени ракавици и тој во филмот покажува оток на местото каде бил гризнат, додека глас во позадината вели дека лилјаците можат да пренесат бројни вируси, вклучително беснило, па затоа членовите на истражувачкиот тим се вакцинираат против беснило пред земање на примероци.

Филмот ненамерно покажува дека безбедносните мерки не се почитуваат правилно, не само за време на истражувањето во пештерата, туку и во лабораторијата, каде што лабораториските техничари не носат вистинска заштитна облека или маска за лице, пишува ДВ.

Слични содржини