На социјалните мрежи се појави видео од Марко Милошевиќ кој се појави на откривањето на споменикот на Слободан Милошевиќ во Москва. Во видеото тој е со членовите на Ноќните волци, миленици на Владимир Путин.
„Се надевам дека Белград ќе побара од Русија да го предаде лицето по кое е распишана црвена потерница од Интерпол. По 23 години!’ напиша корисникот кој го објави клипот на Твитер.
Pojavio se snimak Marka Miloševića na otkrivanju Miloševićevog spomenika u Moskvi. Tu je sa Putinovim Noćnim vukovima, koji su bliski i Vulinu.
Nadam se da će Beograd zatražiti od Rusije da isporuči lice za kojim je raspisana crvena Interpola poternica. Posle 23 godine! pic.twitter.com/DJXAyoT8Nr
— Kosta Konstantinović 🇪🇺🇺🇦 (@KostaKonstan) June 13, 2023
Малку се знае за Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на СР Југославија Слободан Милошевиќ, кој загина како хашки осомничен за воени злосторства на територијата на Хрватска и Босна и Херцеговина, откако ја напушти Србија со мајка му Мирјана и се пресели во Русија.
Веќе со години се појавуваат само неколку информации за него, но и бројни шпекулации за тоа што го работи. Но, ништо не се знае со сигурност.