323
Поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски се појави во јавноста после подолго време.
Тој денес бил забележан како се вакцинира против коронавирус, во масовниот пункт за вакцинација во арената „Борис Трајковски“, за што говори сликата објавена на социјалните мрежи.
Покрај него, денес во „Борис Трајковски“ се вакцинираше и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Со секоја вакцинација му затвораме на вирусот уште една врата во лавиринтот на пандемијата. Денес ја примив и втората доза. Вакцинирајте се!“, апелира Шекеринска.
Таа беше имунизирана од медицинскиот техничар, Денис Јанкуловски – Космонаутко.