СЕ ПОЈАВИЈА БЕЛЕШКИ ОД РАЗГОВОРИТЕ ПОМЕЃУ ТРАМП И МЕЈ: Состаноците биле кошмар за неа, често била на работ на солзи

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп ја довел до солзи поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј, откако ја „малтретирал“ за време на разговорите.

Истечените белешки, кои ги покажуваат разговорите помеѓу Трамп и Тереза ​​Меј, покажуваат дека американскиот претседател воопшто не бил љубезен со својот соговорник, пишува британски „Телеграф“.

Според тие белешки, телефонските разговори и состаноците со Трамп биле „кошмар“ за британскиот премиер, а Трамп често ги игнорирал темите и држел долги монолози, додека Тереза ​​Меј не можела да зборува.

Американскиот официјален претставник, кој, според „Телеграф“, ги слушал разговорите, изјавил дека Тереза ​​Меј често била на работ „да заплаче или да почне да вреска“ кога разговарала со Трамп за можните мерки против Русија поради случајот „Скрипал“.

Тереза ​​Меј наводно му рекла на Трамп дека Америка треба да „предводи глобална акција против Москва“, на што Трамп одговорил дека „повеќе би сакал да следи отколку да води“.

„Не сакам Америка да оди прва без другите да сторат ништо. Германија мора да стори нешто“, рече Трамп.

Исто така, Трамп ја испрашувал Тереза ​​Меј зошто Борис Џонсон не станал премиер, туку таа ја презела владата и наводно ја исмејувал за тоа. Покрај тоа, сакал да ја знае и нејзината позиција во врска со абортусот и дали друга земја ќе ја напушти ЕУ по „Брегзит“.

Белешките наведуваат дека тој ја одбил нејзината покана кога темата била спротивставување на одлуката на САД да ја преместат амбасадата во Ерусалим.

Покрај тоа, тој честопати ги прашувал другите светски лидери што мислат за Тереза ​​Меј и наводно и рекол на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон дека Меј не била во право кога ги распишала изборите во 2017 година, на кои Конзервативната партија го загуби мнозинството.

Слични содржини