Се појавија студенти кои се обидоа да го изиграат системот, вели Андоновски за ваучерите

За обвинувањата од опозицијата дека им се случил дебакл, вели дека се забавни бидејќи доаѓаат од политичка структура којашто ништо нема направено за младите.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Фејсбук/Стефан Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за централниот дневник на Сител телевизија на констатцијата дека и постдипломци успеале да добијат ваучер иако тие се наменети само за додипломски студии, изјави дека има процедура што ја водат Генералниот секретаријат при Владата и Пазарниот инспекторат.

– Се појавија студенти кои се обидоа да го изиграат системот, а тоа се студенти кои не се на додипломски студии како што законот бара. Постоеше еден проблем со регистрите коишто покажа дека апликацијата до крај ја прави успешна, но ваучерот е невалиден затоа што ја нема потврдата за редовен студент на додипломски студии и тие ваучери не можеа да се искористат. Дел од нив добив информација дека успеале да ги искористат ваучерите во првите ден од аплицирањето и во таа насока Генералниот секретаријат при Владата има процедура како постапува, а проектот го следи Државниот пазарен инспекторат кој врши надзор, така што тој аспект го оставам на тие институции, вели Андоновски.

За обвинувањата од опозицијата дека им се случил дебакл, вели дека се забавни бидејќи доаѓаат од политичка структура којашто ништо нема направено за младите.