Се појавија транскрипти од последната комуникација од подморницата Титан?

од Vladimir Zorba
626 прегледи

Снимки од екран (скриншот) на она што се верува дека е последната комуникација на подморницата Титан пред нејзиниот трагичен крај станаа вирални на интернет.

Наводно, снимката ги покажува последните зборови на член на екипажот на подморницата, веројатно шефот на OceanGate, Стоктон Раш, и тимот на матичниот брод „Polar Prince“, пренесува Indy100.com.

Документот предизвика загриженост, главно затоа што се чини дека патниците биле свесни дека има проблем со подморницата 18 минути пред разорната експлозија.

Додека автентичноста на тие транскрипти сè уште се доведува во прашање и оспорува, многумина велат дека содржината е веројатно вистинска со оглед на информациите што веќе ги дадоа експерти за Титан, вклучувајќи го и режисерот Џејмс Камерон.

Една корисничка на TikTok, која ја сподели снимката, рече дека не ја споделила само за лајкови.

„Чувствував дека ова е многу убедливо, без разлика дали документите се вистински, но сè се согласува со она што експертите веќе кажаа дека се случило“, рече таа.

Дијалогот започнува во 7:52 часот, кога бродот им кажува на петте членови на екипажот на Титан дека се подготвени да се спуштат до потонатиот брод Титаник.

„Уживајте во вашето нуркање, господа“, им е кажано од „Polar Prince“, а потоа се упатени да извршат проверка на системот, по што добиваат зелено светло да продолжат.

„Сите системи функционираат нормално. Ние сме во добра форма. Продолжуваме со спуштање според планираното“, беше соопштено во 8.34 часот.

Околу 15 минути подоцна беше потврдено дека се е стабилно и дека спуштањето продолжува според планираното. По 75 минути спуштање, повторно им било кажано дека се е под контрола и да уживаат во возењето.

Но, само 10 минути после тоа, работите почнаа да одат наопаку.

Според транскриптот, во 9:28 часот екипажот на Титан забележал аларм од системот за набљудување. Сите се согласија дека треба да го напуштат спуштањето и да се вратат на површината. Сепак, искачувањето беше многу побавно од очекуваното, а системот почна да дава „целосни црвени предупредувања“.

Во 9.50 часот „Polar Prince“, наводно, рекол дека повеќе не добиваат комуникација од Титан и побарал ажурирање.

„Не те читаме. Одете до координатите за обновување. Кажете ни ако не слушнете’.

Преписот завршува во 9.57 часот со последната молба од бродот:

„Ве молам одговорете ако сте во можност“.

Слични содржини