Почна чешлањето и веднаш се видеоа валканиците на избирачкиот спиосок Неколку десетици гласачи во еден стан, починати лица кои се’ уште се водат како избирачи, измешани адреси и имиња на улици… се само дел од неправилностите што може да се уочат онака на прва при користење на апликацијата за проверка на списокот Врие незадовослтвото и потсмев за тврдењата на власта дека списокот бил добар, и можело веднач да се оди на избори.Се шират контрааргументоет со конкретни имиња на социјалните мрежи на луѓе кои се провериле. од 10 до 40, 50 луѓе на исти адреси на напуштени куќи, скромни семејства.Плејада на фантомски гласачи има во списокот кој е објавен пред граѓаните
Еден од највпечатливите примери за нелогичности во списокот е тој од улицата „Максим Горки“ во Скопје, каде што само во еден стан се запишани повеќе од 60 гласачи. Оваа локација во главниот град беше многу споменувана за време на последните два изборни циклуси во земјава, од аспект на гласачите од Пустец и уочените случаи на преголем број избирачи во еден стан или куќа.
И новинарските редакции почнаа проверки колку за потврда на тексстовите. За помалку од 24 часа од промовирањето на новите начини на целосен пристап на избирачкиот список во електронска форма, само со едноставна контрола од страна на вработените во телевизија Алсат М, забележани се серија неточни и сомнителни податоци.
„Ако само меѓу десетте вработени во нашата телевизија се потврди толку голем број нерегуларности, се поставува прашањето колкав е нивниот вкупен број. Вакво прашање поставивме до Државната изборна комисија, но не добивме одговор. За вакви случаи, граѓаните треба да ги поднесат нивните барања и жалби до регионалните канцеларии на ДИК, кои според законот, по разгледувањето на документацијата, треба да донесат одлука.“ се вели во заклучкот на Алсат М
ЧЛЕН 48 ОД ИЗБОРНИОТ ЗАКОН:
„Ако при увидот се утврди дека тој или друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, до подрачното одделение на Државната изборна комисија има право да поднесе барање за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое приложува и соодветна документација.“
Државната изборна комисија ги разгледува барањата и забелешките најдоцна за три дена и донесува одлука за тоа што ќе се стори со тие податоци. Одлуката на ДИК граѓаните можат да ја обжалат пред Управниот суд, чија одлука е и конечна.
Избирачкиот список кој сега е ставен во веб-апликацијата за граѓанска проверка, во најголем дел е истиот што последен пат беше користен за време на претседателските и парламентарните избори во 2014 година, со тоа што во месеците по изборите се правени редовните ажурирања, кои предвидуваат бришење на починатите лица и впишување на граѓаните кои станале полнолетни, како и промена на податоците на граѓаните кои смениле адреса на живеење или се отселиле во странство…
На многуте забелешки при проверките во избирачкиот список реагираше вчера и опозицијата.
„Неполни 24 часа по објавувањето на избирачкиот список од страна на ДИК, само се потврдија сомневањата на СДСМ и со ова само се поткрепува потребата во Македонија прво да имаме прочистен избирачки список, за да имаме слободни, фер и демократски избори“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Темелното прочистување на избирачкиот список, покрај регулацијата на медиумите, е едно од основните барања на СДСМ за учество на претстојните предвремени парламентарни избори. За таа цел, вкрстувањето на базите на податоци, што почна да се спроведува оваа недела во ДИК, и теренската проверка на спорните записи треба да завршат до средината на април, по што ажурираниот избирачки список треба да биде ставен на дваесетдневен јавен увид и да биде заклучен кон крајот на април, а во функција на изборите најавени за 5 јуни.