Министерството за здравство информира, дека во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во изминатото деноноќие се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на коронавирус.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се и 487 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Куманово – 65, Битола – 33, Прилеп и Охрид – по 31, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Кичево – 18, Штип и Кочани – по 13, Велес и Струга – по 9, Тетово и Гостивар – по 8, Виница, Берово и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Дебар и Неготино – по 5, Пехчево – 4, Ресен и Гевгелија – по 3, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 2, Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија – по 1.