СЕ ПОМАЛКУ КОМПАНИИ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ДЕЛОВНИТЕ РЕЗУЛТАТИ: „На германската економија и недостасува сила“

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Расположението во германската економија се влоши во ноември по закрепнувањето во претходниот месец. Индексот на деловната клима падна за 0,8 поени на 85,7, објави институтот Ифо од Минхен, јави ДПА.

Така, најважниот германски показател за економските движења повторно се приближи на најниското ниво од почетокот на годината.

Во септември индексот изнесуваше 85,4 поени.

Аналитичарите очекуваа пад, имајќи предвид дека во последно време другите показатели се слаби. Сепак, тие предвидоа 86 поени во просек.

Околу 9.000 компании, кои учествуваа во истражувањето на институтот, главно изразија помало задоволство од моменталната состојба. Очекувањата за идниот бизнис само малку се влошија.

„На германската економија и недостасува сила“, коментира Клеменс Фуест, претседател на институтот „Ифо“.

Во услужниот сектор, деловното расположение значително се влоши. Исто така, кај индустриските компании се влоши деловната клима поради пад на нарачките.

Слични содржини