258
Манекенката Адријана Лима се породила на 28 август и на свет донела машко бебе.
Поранешната сопруга на поранешниот српски кошаркар, Марко Јариќ, се породила по трет пат, пренесуваат странските медиуми.
Адријана од бракот со Јариќ има две ќерки, а сега роди и момче.
Таа се огласи на својот Инстаграм профил и сподели фотографија од окото на своето бебе.
View this post on Instagram
„Цијан е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и и Малдивите, место на нашата семејна листа. Цијан сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет Цијан Лима Лемарс“, напиша Лима како опис на објавената фотографија на Инстаграм.