Се породи Џиџи Хадид, објавени првите фотографии од бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Џиџи Хадид и нејзиниот партнер Зејн Малик станаа родители на здраво девојче, а среќната вест ја споделија со милиони обожаватели на социјалните мрежи.

„Нашето мало девојче ни се придружи овој викенд и веќе го промени нашиот свет. Толку сум заљубена“, напиша Џиџи под црно-белата фотографија на која бебето цврсто ја држи за палецот.

Зејн сподели слична фотографија на својот профил.

„Невозможно е да се опише со зборови како се чувствувам. Љубовта која ја чувствувам кон ова мало суштество е над моето разбирање. Благодарен сум што ја запознав, што можам да ја наречам своја и на животот кој ќе го имаме заедно“, напиша Зејн.

Фотографијата на која се гледа само раката на нивното бебе, веќе е на добар пат да ги собори рекордите на Инстаграм. За само два часа собра повеќе од 4,5 милиони лајкови и 90.000 коментари.

Слични содржини