315
Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер, Ајрленд, позната манекенка и актерка, стана мајка.
Таа и музичарот RAC добија ќерка, со која се фотографираа за социјалните мрежи, па на сите им ја соопштија среќната вест.
„Холанд“, напиша Ајрленд на објавата и на тој начин, според странските медиуми, го открила името на своето новородено девојче.
Со овој потег таа воодушеви многумина, со оглед на тоа што сега и мајката и ќерката носат имиња на држави (Ирска и Холандија).