„Грејс Елизабет Џејн Метјуз е родена околу 4,22 часот наутро. Мајката и бебето се чувствуваат добро. Девојчето е совршено и сите се пресреќни“, изјави за Е! Вести претставник на семејството.
Сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон (37) роди ќерка на 15 март. Среќата и радоста на Пипа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз немаат крај, а инаку тие станаа родители по втор пат.
Откриено е и дека бебето тежело скоро три килограми и дека породувањето поминало во најдобар ред.
Мајката на Кејт и Пипа пред околу десетина дена откри дека нејзината помлада ќерка е бремена, па оваа вест беше вистинско изненадување.
Името на девојчето ја продолжило семејната традиција, бидејќи Елизабет е средно име и на Кејт и на нивната мајка Керол.
Името за само неколку часа доби позитивни оценки на социјалните мрежи, пренесуваат странските медиуми.