Се породи Сека Алексиќ: Бебето не го доби името Исак (ФОТО)

од Elena Daskalova

Ова утро Сека Алексиќ по вторпат стана мајка, а малиот Јаков доби помлад брат, кој сепак, не се вика Исак, како што семејството подолго време најавуваше.

Сека на Инстаграм објави фотографија од бебето кое го доби името Јован, поради тоа што е родено само два дена по големиот христијански празник Св. Јован Крстител.

„Не е како ние сакаме, туку како Господ ќе каже. По нашата слава Свети Јован, се роди Јован“, напишала Сека, нагласувајќи дека ако следното бебе е машко, ќе се вика Исак.

Слични содржини