428
На реконструираниот плочник помеѓу плоштадот „Македонија“ и Градскиот трговски центар се поставуваат новогодишната елка и куќичките за овогодинешниот „Винтерленд“.
Инаку елката е дел од „Винтерленд 2020“, кој официјално ќе стартува во петок, а ќе трае до новогипната ноќ на 31 декември, кога на плоштадот „Македонија“ ќе настапи ѕвездата Дино Мерлин.
Ова е втора година на „Винтерленд“, кој е во организација на Град Скопје, а минатата година бележеше висока посетеност.
Фото: Локално