264
„Утрово разговарав со националниот кооринатор за имунизација и со двајца други експерти. Засега нема промена во ставот за АстраЗенека“, информираше министерот за за здравство Венко Филипче, на прашањето дали се размислува за укинување на ограничувањето за тоа кои возрасни групи може да ја примат оваа вакцина.
Според него, досега се дадени 24.000 вакцини од оваа компанија на постарите граѓани и со тоа целосно се потрошени резервите од оваа вакцина.
„Не се земаат само искуствата од Германија, туку и од Канада, Франција и Италија. Врз основа на тоа ќе носиме одлуки“, потенцира Филипче.