Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 17.208 лица за коронавирус, од кои 5.305 биле позитивни, додека, за жал, починале 29 лица.
Според последните податоци на тамошното Министерство за здравство и Институтот „Батут“, 228 лица се приклучени на респиратори.
Вчера во Србија биле тестирани 18.017 лица за вирус корона, од кои 5.346 беа позитивни, додека, за жал, починале 30 лица, а 222 пациенти биле приклучени на апарати за дишење.
Досега, евиденцијата на корона во Србија е: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани во еден ден – 22 837, а бројката на најмногу починати за еден била 69.