Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2023 година изнесува 216 872, од кои 52.9 % се домашни туристи, а 47.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесува 877 138, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.
Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 22.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4 %, а кај странските има зголемување за 42.4 %.
Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 9.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за
25.5 %.