Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море, се заканува инфлација

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Најмалку шест танкери со нафта скршнаа од курсот или застанаа пред да влезат во јужниот дел на Црвеното Море од викендот, со што бројот на прекини во снабдувањето се искачи на најмалку 15 од почетокот на нападите на јеменските Хути минатата недела, објави Ројтерс, цитирајќи податоци од лондонската агенција LSEG и бриселската Кплер.

Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги Алијанц, Мухамед Ел-Ериан, денеска за Би-Би-Си изјави дека поради конфликтот во Црвеното Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеки и помал економски раст.

Тој, сепак, изјави дека овој шок нема да биде толку голем како економскиот пад во 2021 и 2022 година, но дека секако е „неповолен“.

Уделот во светската трговија што се одвива преку Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб е меѓу 12 и 15 отсто, а јеменските бунтовници Хути почнаа да ги напаѓаат трговските бродови на крајот на минатата година.

Слични содржини