376
Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека од маркетите и продавниците се отповикува негазирана природна минерална вода „МИРОС“ во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри со рок на употреба до 30.08.2024 година
Причина за отповикувањето, според АХВ, е дека е небезбеден производ поради микробилошка неисправност и претставува ризик по здравјето на луѓето.
-Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18)
Производител е СИЛКА ГРУП- Урошевац (Феризај), Република Косово, а увозник АЛМАКО АРБ ДООЕЛ, појаснуваат од АХВ.