Се повлекуваат небезбедни коцки за супа од македонскиот пазар

од Nikola Popovski
40 прегледи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година.

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ ги доби вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845.

Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет.

-Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат, соопштија од АХВ.

Државниот инспекторат на Република Хрватска вчера повлече говедски и пилешка коцки тешки 120 грама со рок на траење до 2 и 3 јули 2025 година, поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината.

-Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката со пилешко е од серијата 0307241 со рок на траење до 3 јули 2025 година, се вели во објавата на Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата веб-страница.

Слични содржини