Ќе се прават напори да нема зголемување на цената на електрична енергија од 1-ви јануари 2023, потенцира денеска првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој истакна дека ќе биде поголем данокот, но ќе се прават пресметки во делот на зголемувањето.
-Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Само со данокот ќе има зголемување, но се прават пресметки и калкулации дали може да се направат отстапки да нема зголемување на цената на струјата. Има повеќе компоненти кои ја формираат на крајот конечната цена кај граѓаните. Да оставиме простор кај 15-ти и 20-ти декември кога РКЕ ќе направи точна пресметка. Кажа и министерот Бектеши дека тенденција е да нема поскапување на електричната енергија, рече Ковачевски во емисијата „Студио 10“.
Тој смета дека и во делот на малите потрошувачи, треба да има блок тарифи.
-Сите домаќинства и малите порошувачи добиваат електична енергија 80 посто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плакаат 5 пати повисоки сметки. Рестрикции не се предвидени, порача директорот на АД ЕСМ.