Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, информираа од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ). Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.
-Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран, стои во објавата.
На синоќешната владина седница беше разгледано барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и донесена е нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати, со важност од 1 јануари 2024 година до 31 мај 2024 година. Ова значи обезбедување на висината на платите на вработените на ФЗО.
Буџетот на ФЗО изнесува над 47 милијарда денари, од нив 1,9 проценти се издвојуваат за плати.