АМСМ предупреди дека на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Причината е превртено товарно моторно возило.
-На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ е зголемена фреквенцијата на возила и се чека околу 45 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, велат од АМСМ.
Утринава од таму објавија дека и денеска се чека на граничниот премин Табановце.
„Задржувањата се околу 30-40 минути, а на останатите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата“, информираат од АМСМ.