Се преврте автобус во Мексико, загинаа 11 луѓе, меѓу кои и три деца

од desk2
125 прегледи

 

Најмалку 11 лица, а меѓу нив и три деца, загинаа денеска откако се преврте автобус на северот на Mексико, соопшти локалната власт.

Во автобусот имало околу 40 патници, кои патувале од Мексико Сити во градот Тореон на северот на земјата, пренесе Ројтерс.

Надлежните велат дека во автобусот се уште има тела, но веруваат дека можно е да има и преживеани.