Се преврте брод во Лагос – се удавија 17 лица, меѓу кои и деца

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Седумнаесет тела се пронајдени во Лагос, административниот центар на Нигерија, откако преоптоварен брод се превртел, соопшти Агенцијата за внатрешни води на Лагос.

Патничкиот брод исплови во петокот навечер, и покрај ноќниот полициски час, соопшти Државната управа за водни патишта во Лагос.

Плимата го однела бродот далеку од брегот по што се превртел.

Во неделата беа пронајдени 13 тела, додека во петокот четири.

На бродот имало повеќе патници од дозволеното 16, вклучително и деца.

Агенцијата вели дека повеќето несреќи на нигериските водни патишта се предизвикани од лошо одржување на бродовите и пренатрупаност.

Слични содржини