Голем број на граѓани вечерва пред СЈО потпишуваат изјави дека боеле со Шарената револуција, објави А1 он.
![]()
Потписите се собираат како поддршка на оние што се приведени поради боење државни институции и кои се повикувани на информативен разговор во МВР.
„Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! #Протестирам не е проект со ограничено времетраење ниту пак нечиј инструмент за постигнување некаква цел. Тоа е нов менталитет на МОЌНИ граѓанки и граѓани, кои извикуваат ДОСТА Е, но и кои самите ја градат визијата за подобро општество“, порачуваат од граѓанската иницијатива. ![]()
Главната парола на демонстрантите денеска е „Се пријавувам, и јас сум хулиган-ка“.