„Се продава Тетово за цена на еспресо – 1 евро за метар квадратен“

Денеска во Тетово може да се видат билборди со лицето на коалицискиот партнер на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ - Билал Касами, на кои пишува „се продава Тетово за цена на еспресо – 1 евро за метар квадратен“.

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Денеска во Тетово може да се видат билборди со лицето на коалицискиот партнер на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – Билал Касами, на кои пишува „се продава Тетово за цена на еспресо – 1 евро за метар квадратен“.

Претходно Касами, којшто овозможи рушење на фабриката „Тетово Табак“, беше обвинет од политичката партија Левица дека целиот нејзин имот го продал за сума од околу 7 илјади евра (457.450 денари), за подоцна, во соработка со Советот да изврши негова пренамена и овозможи истиот овој имот да добие вредност од 5 милиони евра.

„Купопродажниот договорот криен од јавноста, бил склучен на 20.10. 2022 година, за две години подоцна Советот на Општина Тетово да донесе измени на ГУП и ДУП за Блок 31 со кои е направена пренамена од класа „Г“ – индустриски објекти во класа „А“ – домување. Со оваа одлука е зголемена вредноста на имотот, па така, имотот којшто Општина Тетово го продала за 7.000 евра, АД „Тетово Табак“ застапувано од ликвидаторите Боже Грозданоски, Никола Корубин и Драган Влаховиќ го продале (заедно со купеното државно земјиште) на „ЕЛАСТАН ДООЕЛ“ за 5.005.000 евра“, соопштија од Левица и побараа итна ревизија и поништување на продажбата, кривична одговорност за сите инволвирани и законска забрана за промена на намена на државно земјиште по продажба..

Слични содржини