Се продаваат преку 600 предмети од филмот „Самрак“

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Околу 600 предмети од серијата “Самрак” ќе бидат понудени на аукција денес 10 години по објавувањето на третата книга за Eclipse. Тие ќе бидат достапни за купување од Prop Store по цени почнувајќи со скромни 50 долари. Меѓу предметите има и бејзбол билет на главниот лик Едвард, фустан и јакна на главниот лик Бела Свон како и диплома од универзитетот.

Аукцијата ќе трае до 17 ноември.

“Eclipse”, третиот роман на “Сагата Самрак” од писателот Стефани Мајер, беше издаден во август 2007 година, а филмската верзија на книгата беше објавена во јули 2010 година.

Оригиналниот Самрак беше објавен на 3 декември 2008 година, по што следеа уште четири продукции.