Се продолжува притворот на професорот кој удри ученик со боксирач

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

ОЈО Струга поднесе Обвинителен предлог против 57 – годишен професор од Струга, за сторено кривичното дело – Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени  меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно  го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

Слични содржини