Дојава дека ќе биде поставена бомба во автобус на ЈСП „Скопје“ стигнала по електронската адреса на претпријатието. Па поради тоа од сообраќај се повлечени сите автобуси.
-Утрото кога пристигнавме на работа ни беше кажано да почекаме, да не влегуваме на работните места, вели еден од вработените во ЈСП за „Локално“.
Тој информира дека во моментов полицијата е на терен и се проверуваат автобусите.
Предходно од МВР за „Локлано“, информираа дека денеска од полициски службеници бил приведен Ј.И. вработен во ЈСП.
-По претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, откриваат од МВР за „Локално“.
Од утрово низ главниот град на улиците е хаос. Патници со саати чекаат автобуси на станиците и не можат да стигнат на работните места.
Б.М.