Има јавни претпријатија во кои членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседателот на државата, а се претпријатија кои креираат загуби, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
-Повеќе од 20 или 30 години никој не се зафатил тоа да го промени и затоа во наредните шест месеци ќе се работи на нов Закон за плати. Мора да имаме ефикасна држава во која што приватниот сектор и граѓаните ќе ги добиваат најдобрите услуги од јавниот сектор кој ќе биде способен и продуктивен, напиша Ковачевски.