Се рашири лажна вест дека Калиопи починала, таа пријави во полиција

од Milan1
43 прегледи

По објавената лажна вест на социјалните мрежи дека познатата поп пејачка Калиопи починала, таа случајот го пријави во полиција.

Како причина за нејзината наводна смрт се наведени мозочна циста и срцев удар, а објавена е дури и монтирана фотографија од пејачката во болница.

„Секогаш велев дека нема добри и лоши луѓе, но има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечки чин е поведена постапка до надлежните органи. Во минатото се случуваа разни злоупотреби на моето име, но ова ги надминува сите досегашни манипулации. Дали вие, нелуѓе, авторите на оваа лажна вест, дали сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми можеле да го прочитаат овој текст и дека директно можевте да им се заканите по животот? Апелирам до секторот за компјутерски криминал при МВР да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“, објави таа на социјалните мрежи.

Слични содржини