Познатата пејачка Мадона неодамна заврши во болница поради бактериска инфекција. Нејзината ќерка ја пронашла без свест, а по неколку дена Мадона била пуштена на домашно лекување.
Досега неколку пати се огласуваше на социјалните мрежи, а сега на Инстаграм објави серија фотографии со своите деца и им испрати трогателни зборови на благодарност.
„Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек. Веќе еден месец сум излезена од болница и можам да размислувам. Како мајка, навистина можеш да бидеш роб на потребите на твоите деца и на навидум бескрајното дарување…“, започна пејачката.
„Но, кога чиповите паднаа, моите деца беа навистина тука за мене. Видов страна од нив што не сум ја видела досега. Тоа направи разлика. Како и љубовта и поддршката од моите пријатели. Ако ја зумирате оваа слика што ја држам, ќе видите полароид снимен од Енди Ворхол, а на кој е Кит Харинг, облечен во јакна на која е насликан ликот на Мајкл Џексон. Совршен триаголник на брилијантност. Уметник кој допре толку многу животи, вклучувајќи го и мојот“, продолжи Мадона опишувајќи ја фотографијата, втора во низата објави.
„Се расплакав кога го отворив овој подарок бидејќи сфатив колку сум среќна што сум жива и колку сум среќна што ги познавам тие луѓе и толку многу други кои ги нема повеќе. Ти благодарам за подарокот Гај Осери и благодарам на сите мои ангели кои ме заштитија и ми дозволија да останам да ја завршам мојата работа“, заклучила Мадона.