Се расправате со партнерот во изолација? Правилото од 5 минути може да ви ја спаси врската

од Vladimir Zorba

Колку и да сакате да поминувате време со партнерот, не е лесно некој да се ограничува во куќата, така што нервозата често избувнува во форма на кавги.

Ако почесто се расправате со вашата сакана личност за време на изолацијата, може да помогне пет-минутното правило што го сподели на Инстаграм Грејс Хејзел, која е следена од нешто помалку од 24.000 луѓе.

Тоа е едноставна вежба за комуникација, каде секој има пет минути да каже како се чувствува (без да ја напаѓа другата личност). Грејс ја нарекува „ненасилна комуникација“.

„Ако сакате да решите нешто, обидете се да го поставите алармот пет минути од моментот кога сте почнале дазборувате. Во тие пет минути, кажете ги вашите аргументи, забранувајќи и на другата личност да ве прекинува, вербално или со изрази на лицето. Откако ќе истечат вашите пет минути, лицето кое слушало има пет минути да ви објасни што слушнало од тоа што го кажавте. После тоа, партнерот добива пет минути да каже што мисли“, напиша Грејс.

Таа објасни дека на овој начин можете „ненасилно“ да преговарате, менувајќи ги улогите на секои пет минути, сè додека не стигнете до точка кога сте се согласиле.

Слични содржини