Се „распукаа“: Јута Џез сруши рекорд во НБА по постигнати тројки

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Јута Џез го сруши рекордот на НБА по реализирани тројки во победата против Орландо Меџик (137:91).

Во деветтата победа по ред, и 22-ра по ред во својата сала, „џезерите“ организираа вистински фестивал на тројки и забележаа рекордна победа од дури 46 разлика.

Со дури 18 погодени тројки во првото полувреме, тие го соборија рекордот на Голден Стејт Вориорс (17) пред три години и на крајот погодија 26 од 55 обиди.
Мичел (тројки 6-7), Инглс (5-7), Богдановиќ (4-6) и Кларксон (3-6) немилосрдно го полнеа кошот на „магичните“, а скоро целиот тим на Џез постигна тројка – Нианг и Илјасова по две, и О’Нил, Брантли, Они и Томас по една.

Заедно со рекордот по реализирани тројки, најдобриот тим во лигата имаше вкупно 34 асистенции, 10 украдени топки, 50 скока и 55,4 проценти прецизен удар од поле.

Слични содржини